Ибрахимовиќ се повреди, се шпекулира за Ахиловата тетива

од Vladimir Zorba

Според италијанските медиуми, шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ се здобил со повреда на тренингот на Милан денес, а утре, вторник ќе изврши детални лекарски прегледи за да открие колку е сериозна повредата.

Скај Спорт Италија објави дека Ибрахимовиќ го напуштил Миланело со болна гримаса на лицето, откако се повредил за време на тренинзите, а клубот објави дека 38-годишниот Швеѓанец ќе ги помине сите потребни прегледи утре.

„Ибра денес нагло запре кон крајот на тренинзите. Откако ја стави својата тежина на ногата и почувствува нешто во тетивата, онаа со кој имаше проблеми помеѓу јануари и февруари. Постои специфична можност за истегнување, но и страв од проблеми со Ахиловата тетива. Мора да бидеме претпазливи во тоа што го зборуваме, но тоа мора да се каже“, објави „Скај Спорт Италија“.

Ибрахимовиќ се врати во Милано во декември минатата година, потпишувајќи шестмесечен договор со можност за продолжување на уште една година. За време на вонредната состојба во Италија, воведена поради пандемијата од коронавирус, Ибрахимовиќ беше во Шведска каде тренираше со Хамарби, каде е делумен сопственик. Шведскиот напаѓач оваа сезона одигра десет натпревари за Милан и постигна четири гола.

Слични содржини