Ибрахимовиќ се сели во Интер!?

од desk2

Познатиот фудбалски агент Мино Рајола го понуди својот клиент Златан Ибрахимовиќ на италијанскиот гигант Интер, пренесува „Ил Џиронале“. На Ибрахимовиќ (38) ќе му истече договорот на крајот на календарската година со Лос Анџелес Галакси, а очигледно веќе е подготвен да го напушти Шампионатот на САД.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед има 30 голови на 29 натпревари оваа сезона.

Шведскиот напаѓач добро ја познава ситуацијата во Милано.Тој играше за Интер помеѓу 2006 и 2009 година, освојувајќи три титули со „нероазурите“. Во текот на сезоната 2010/11 играше и за Милан.

Според медиумите во Италија, Интер сè уште не одлучил дали да го врати Ибрахимовиќ назад во составот.

Слични содржини