Ибрахимовиќ суспендиран за следниот натпревар во Серија „А“

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ е суспендиран на еден натпревар поради исклучувањето што го заработи во последното коло од Серија „А“, на мечот против Парма.

Дисциплинската комисија, исто така, го казни Ибрахимовиќ со 5.000 евра за „провокативен став и непочитување“ кон главниот судија на тој натпревар, објавија италијанските медиуми.

Ибра доби директен црвен картон во 60. минута, а неговиот тим ја победи Парма на гости со 3-1.

Милан е на второто место во италијанскиот шампионат со 63 бода, 11 помалку од првопласираниот градски ривал Интер.

Следниот натпревар, на кој нема да игра 39-годишниот напаѓач, Милан е на домашен терен против Џенова.

Слични содржини