Ибраими: Изборите во САД нема да имаат никакво влијание на Балканот

од Destan Jonuzi

Изборите во САД нема да имаат никакво влијание на Балканот бидејќи републиканците и демократите имаат исти ставови за регионот, вели Селим Ибраими од Институтот за безбедносни студии и развој – „ИССД-Македонија“, зборувајќи за среднорочните избори во САД и американската геополитика.

– Изборите во САД нема да имаат никакво влијание на Балканот бидејќи републиканците и демократите имаат исти ставови за регионот. Во американската надворешна политика, американската администрација, без разлика дали се демократи или републиканци, го поддржа членството на земјите во НАТО и ЕУ. На полето на правдата и решавањето на косовско-српскиот проблем, без да се заборави Босна, треба да се види како ќе се делува понатаму, изјави Ибраими за „Локално“.

Според поранешниот шеф на дипломатијата на Република Албанија, Едмонд Панарити без разлика на резултатите од среднорочните избори во САД и политичката поларизација на ситуацијата таму, САД решително ќе го продолжат ангажманот на Западен Балкан.

Едмонд Панарити

– Без оглед на резултатите од среднорочните избори во САД и политичката поларизација на ситуацијата таму, САД решително ќе го продолжат својот ангажман на Западен Балкан. Оваа американска заложба е поздравена од сите земји на Балканот, и како дополнување на вакуумот создаден од европскиот скептицизам за експанзијата, но пред се од руската агресија во Украина и заканата за безбедноста на земјите од регионот. Всушност, и демократите и републиканците ги делат истите цели за регионот. Што вклучува на прво место нормализација на односите меѓу Косово и Србија, деблокирање на политичкиот ќорсокак во Босна и Херцеговина и унапредување на европската интеграциска агенда на регионот. Затоа не се очекуваат промени нa американската политика во регионот, изјави Панарити за „Локално“.

Д.Ј.

Слични содржини