Идејата за широка влада ќе го изгуби моментумот и динамиката за уставни измени, порача Маричиќ

од Nikola Popovski

Не е првпат Мицкоски да промовира рушење на Владата, тоа е редовна мантра на Мицкоски која се случува секоја година, за да си го заштити своето место во ВМРО-ДПМНЕ. Сега во овој период да имаме избори и надеж за некаква широка влада е нереална идеја која само ќе ја забави идејата и ќе направи застој од една година, кој што ќе ни го изгуби моментумот и динамиката за уставни измени, вели вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во синоќешното интервју во емисијата „360 степени“.

Тој смета дека идејата за широка влада не треба да се врзува за уставните измени и дека не е нешто што зависи од уставните измени.

-Мое мислење е дека во овој контекст, уставните измени и се потребни на државата, а не на Владата. Мислам дека нема пратеници од СДСМ кои што би гласале за распуштање на Парламентот, рече Маричиќ.

-Ние како партија и Влада направивме премногу во зголемување на кохезија во општеството. Наша должност е да не го делиме општеството на етнички граници и линии, туку напротив да воспоставиме таква кохезија која што ќе функционира во пракса. Замислете да се доведеме во ситуација да бидеме поделени по етничка линија на луѓето во однос на ставот кон Бугарија и генерално кон ЕУ, додаде вицепремиерот.

Слични содржини