Идеално за секој што сака да изгуби тежина: Здрави брауни колачи!

од Vladimir Zorba

Лесно е да се подготви, и ќе го јадете без каење! Ако се грижите за линијата и сакате да уживате во десерт без да се грижите дека сте внеле премногу калории, ова е вистинскиот рецепт за вас!

Брауни колачите без шеќер содржат малку калории, но не за сметка на вкусот!

Состојки:

Јаболко со средна големина

Малку цимет

Две јајца

Две лажици масло

¼ лажички екстракт од ванила

Две лажици мед

Лажица какао

¼ лажички сол

Половина чаша брашно од цело зрно

¼ лажички прашок за пециво

¼ лажички сода бикарбона

Подготовка:

Едно јаболко со средна големина прво се мие, се лупи, се сече на парчиња и се става во вода, се додава цимет и се вари околу половина час. Кога јаболкото е сварено, да се испасира со миксер или здробете го со вилушка.

Во сад со средна големина, скршете ги јајцата и додадете масло, екстракт од ванила, мед и изматете сè. Во изматената смеса додадете какао и сол, измешајте повторно, па додадете го пирето од јаболка што сте го направиле и промешајте повторно за да се соединат состојките.

Во посебен сад истурете го брашното, прашокот за пециво, сода бикарбоната и кога ќе ги измешате, додадете ја смесата со какао што сте ја подготвиле порано. Кога ќе ги измешате состојките да се соединат, истурете ја смесата во подготвената тава и печете 25-30 минути на 180 степени.

Слични содржини