Идеја за ручек: Печен модар патлиџан со сирење и чери домати за најздрав оброк

од Vladimir Zorba

Сезоната на есенски зеленчук е во тек, а пазарите се преполни со пиперки, тиквички и модри патлиџани. Доколку размислувате за здрав и брз оброк и сакате да содржи зеленчук, овој рецепт би можел да ви биде корисен.

Станува збор за модар патлиџан во рерна!

Модриот патлиџан ја должи својата виолетова боја на антоцијаните – посебен вид пигмент. Неколку големи студии покажаа дека тој е еден од најмоќните антиоксиданси кој ги штити клетките од дејството на слободните радикали, што е една од причините за стареење.

И токму оваа супстанца најефективно ги штити мембраните на мозочните клетки.

По порција печен модар патлиџан, тешко дека ќе станете попаметни, но секако сте се погрижиле за зајакнување на меморијата.

Состојки:

3 модри патлиџани со средна големина
1/3 чаша маслиново масло
сок од половина лимон
2 чешниња лук
1 црвен кромид
чери домати
свеж магдонос
4 супени лажици распарчено грчко сирење
сол
бибер

Подготовка:

Пред сè, потребно е да се извлече горчината од модриот патлиџан. Пресечете го на половина, а потоа посипете ги исечените парчиња со голема количина сол.

Модриот патлиџан ќе ослободи кафеава течност по половина час, која треба да се измие пред понатамошна термичка обработка.

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Измешајте маслиново масло, сок од лимон, сечкан лук, сол и бибер. Премачкајте ги секоја половина, па печете ги со лицето надолу до 40 минути.

Потоа, кога ќе зарумени, повторно истурете ја преостанатата смеса што ја искористивте пред малку и потоа додадете сирење магдонос, чери домати и црвен кромид одозгора.

На Здравје!

Слични содржини