Идеја за ручек: Поховани тиквички од рерна, без капка масло

од Stefanija Kuzmanovska

Наместо да стоите покрај ринглата и да чекате да се пржат тиквичките на врело масло, постои поедноставен начин да се похова овој вкусен зеленчук – во рерна. Тиквичките ќе бидат подеднакво крцкави и вкусни, а за подготовка нема да ви треба ниту капка масло.

Состојки:

1 кг тиквички

3 јајца

4 лажици брашно

4 лажици презла

сол и бибер

Подготовка:

Излупете ги тиквичките и исечете ги на мали парчиња (или прстени, ако сте навикнати на тоа). Потоа исцедете ги од вишокот вода, па ставете ги во брашно, па во изматени јајца и на крај во презла во која сте додале малку бибер.

Обложете го плехот со хартија за печење, па наредете ги тиквичките на хартија и печете ги во рерна загреана на 170 степени. Со решеткана лажица завртете ги еднаш до двапати за време на печењето за добро да се фати кора од сите страни.

Послужете со тартар сос и сезонска салата.

Слични содржини