Идејата за колективен имунитет не им успеа: Само седум проценти од луѓето го прележале вирусот

од Nikola Popovski

Околу 7% од луѓето во Англија биле заразени со коронавирус, според резултатите од тестовите за антитела на случајни примероци.

Според Канцеларијата за национална статистика, примероците биле земени од 885 лица.

Студијата проценува дека едно од 15 лица во Англија е заразено, објави синоќа Би-Би-Си.

Во анализата се проценува дека во Англија во моментот се заразени 133.000 луѓе, што претставува 0,24 проценти од населението.

Треба да се потсетиме дека премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, прво се залагаше за стратегијата за „колективен имунитет“ во март и не сакаше веднаш да воведе рестриктивни мерки, но потоа се откажа од таа стратегија поради притисокот на јавноста.

Слични содржини