Идентификуван осомничениот за исчезнувањето на Меделин Меккен: Германската полиција смета дека таа е убиена

од Nikola Popovski

Човекот поврзан со исчезнувањето на Меделин Меккен во 2007 година е Кристијан Брукнер, открил локалниот весник „Брауншвајгер Цајтунг“. Човекот е во затвор од минатата година поради силување и трговија со дрога.

„Брауншвајгер Цајтунг“ пишува дека Брукнер живеел во Португалија цели 12 години и се занимавал со продажба на дрога, провалување во куќа и ограбување туристи. Само 18 месеци по исчезнувањето на Меккен, Брукнер влегол во стан и силувал 72-годишна Американка. Имал маска на главата, а старата жена ја врзал и брутално ја силувал.

„Тој уживаше во тортурата“, им рече американката на полицајците кои дошле на местото на злосторството.

Сепак, ѝбиле потребни на полицијата цели 12 години за да го пронајде озлогласениот криминалец. Неговите тајни излегле на виделина кога, десет години по злосторството, тој му покажал на еден пријател видео на кое силува жена. Тој, исто така, наводно, за време на своето пијанство изјавил дека знаел што се случило со Меделин Меккен. За среќа, неговиот пријател бил доволно трезен за да отиде во полиција и да им каже што му кажал Брукнер.

Брукнер уште во 2017 година бил поврзан со мистериозниот случај на исчезнување на малата Меди во Португалија, но португалската полиција не верувал дека тој е сторителот. Како и да е, Германците го поврзале Брукнер со две возила што се гледаат на истото место каде летувало семејството Меккен.

Германската полиција соопшти дека случајот се третира како „осомничено убиство“ и дека тие го утврдиле начинот на кој бил убиена Меккен. Според германските иследници, убиството не било планирано и дека осомничениот претходно бил вмешан во кривични дела како кражба и провала.

За британската полиција, ова е сè уште случај на исчезнато лице, а новите откритија објавени во средата биле наречени „значаен напредок“ од страна на британските истражувачи.

Британските полицајци побарале од секој кој има какви било информации во врска со два португалски броеви да контактира со нив. 43-годишниот осомничен бил корисник на еден број, а повикот од лицето со кое разговарал 30 минути пристигнал од друг број. Повикот дошол од областа каде што последен пат била видена Меделин Меккен.

Слични содржини