Иџе со благодарност до Филипче за борбата против коронавирусот

од Vladimir Zorba

Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, денеска возеше низ празните улици на Скопје за време на полицискиот час во знак на поддршка на сите здравствени работници кои водат борба со Ковид-19.

Тој исто така се сретна и со Министерот за здравство, Венко Филипче, на кој му се заблагодари за борбата која ја водат здравствени работници.

Пред да почне со возењето, тој му даде на подарок маица на која пишуваше „херои“, како благодарност за сите здравствени работници и за полицијата и за сè што прават за време на кризата.

Двајцата посакаа оваа пандемија што побрзо да заврши и на крајот да излеземе како победници.

Слични содржини