Власта и опозицијата идната недела ќе продолжат со разгледување на Предлог-законот за Јавно обвинителство. На површина излегоа суштинските разлики околу ставовите на двете страни по првото разгледување на предлогот од страна на опозицијата на текстот поднесен од министерката за правда Рената Дескоска.

Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој е дел од преговрачкиот тим на опозицијата јасно го произнесе ставот на неговата партија дека трансферот на поранешниот специјални јавни обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција е невозможен.

Од најголемата опозициска партија велат бараат парламентот да обрати поголемо внимание на овој предлог закон и сметаат дека не може да се постигне компромис до 12 февруари кога треба да се распушти Собранието поради предвремените парламентарни избори.

-Премногу е кратко времето. Експертската комисија на ВМРО-ДПМНЕ го разгледува предложеното законско решение, работиме на тоа во моментов. Со конкретни информации ќе излеземе откако целосно ќе го разгледаме предлогот. Како што ги следиме сите други законски решенија, го следиме и ова“, изјави за Ден.мк претседателот на комисијата за правни работи во ВМРО-ДПМНЕ Тони Менкиноски.

Претседателот на СДСМ и експремиерот на Република Северна Македонија сепак останува оптимист дека може да се изнајде заедничко решение пред распуштање на Собранието. Тој го повика лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски конечно да се затвори ова прашање.

Слични содржини