Идниот скопски градоначалник ќе се бира во втор круг: Шилегов води во овие општини

од Берта Китинска

Според обработените 80 отсто од гласовите од Државната изборна комисија (ДИК) информираат дека  битката за Скопје во вториот круг ќе ја водат ВМРО-ДПМНЕ со Данела Арсовска и СДСМ со Петре Шилегов.

Шилегов, добил 34,92 отсто од гласовите, додека  Арсовска, која настапи како независен кандидат, но беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, добила 37,15 отсто од обработени 86,73 отсто од гласовите.

Најголема предност во Скопје,  Шилегов има во Чаир близу 7.000 гласа разлика.Околу 5.700 гласа разлика Шилегов направил во Сарај а уште близу 2.100 гласа предност има во Шуто Оризари. Од општините каде што доминираат етнички Македонци, Шилегов предност има единствено во скопски Центар каде води со нешто над 700 гласа. Во сите останати општини во главниот град предноста ја има независната кандидатка Данела Арсовска.

Во Ѓорче Петров Арсовска води со 1800 гласа. Нејзината предност во Карпош е 1.400 гласа а во Бутел околу 500 гласа. Во Гази Баба Арсовска направила 6.500 гласа предност а во Аеродром околу 5.000 колку што е предноста и во Кисела Вода.

Втор круг  ќе се одржи на 31 октомври.

Слични содржини