ИФИМЕС: Кому му пречи успешен референдум во Македонија?

од desk4

Тешко е да се објасни фактот дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ јавно се залага за членство во ЕУ и во НАТО, но во клучни моменти на македонската модерна историја не сака јасно да ја поддржи евро-атланската заложба на претстојниот референдум.

Ова го покренува сомневањето дека во формирањето на таква позиција стои странски фактор, првенствено, Србија и Русија, пишува во анализата на меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС.

Подолу клучните точки од aнализата:

За кого и во чиј интерес работи македонскиот претседател Иванов?

Се поставува прашањето за кого работи претседателот на Македонија Иванов и што го чека по завршување на мандатот? Според информациите кои се појавуваат во јавноста, откако ќе му заврши мандатот, во април 2019 година,  Иванов ќе ја напушти Македонија и ќе отиде во егзил во автократска земја, но пред тоа ќе мора да се соочи  со Македонските судски органи за неуставни дејства.

Јасно е дека има интереси на одредени земји, пред се Србија и Русија, да се спречи успешен референдум,  но прашањето е за кого и во интерес чиј интерес работи претседателот Иванов?

Србија и Русија не сакаат да ја видат Македонија како полноправна членка на НАТО,а сакаат и да се спречи канонско признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква.

Кому му смета успешен референдум во Македонија?

Македонија се соочува со најважната одлука во својата модерна историја. Изложена на силен притисок на надворешни фактори заедно со колаборација на дел од домашните сили кои по секоја цена сакаат да го спречат патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ и во НАТО.

 Затоа, референдумската кампања изобилува со бројни лажни информации и искривена интерпретација на Финалниот договор меѓу Македонија и Грција. Успешниот референдум во Македонија ја менува геополитичката слика не само во Македонија, туку и во регионот.

Во ситуација кога српскиот претседател Александар Вучиќ (СНС) пред референдумот во Македонија ја започна приказната за прекројување на границите, важноста на референдумот е уште поголема, бидејќи членството во НАТО го гарантира територијалниот интегритет на државата.

Само на Русија и Србија не им одговара влезот на Македонија во евро-атлантска интеграција со помош на соседните земји членки на ЕУ и НАТО и сакаат референдумот да пропадне, за да тргнат кон поделба на Македонија со поддршка на големодржавнички, националистички и сепаратистички кругови од соседните земји.

Постојат само две опции за Македонија: патот во друштво на западните цивилизирани држави или да биде дел од големoруска  конспирација со крајната цел за поделба и уништување на Македонија. Веќе има напади со хакирање.

… Веќе се случуваат хакерски напади врз Македонија, кои ќе се интензивираат со денот кога ќе се приближи до референдумот. Хакерските напади се насочени кон државни институции, Државната изборна комисија, додека на социјалните мрежи преку поставување на лажни информации, односно дезинформации и пропаганда, се обидуваат да влијаат на референдумот на граѓаните на Македонија со цел да ја променат волјата на граѓаните и да го спречат успехот на референдумот. На територијата на Македонија, особено кај етничките Македонци, се распоредува мрежа на агенти, кои со дејствување и регрутирање на поединци се обидуваат да ги одвратат граѓаните да одат на референдум или да гласаат против.

Анализата во целост прочитајте ја тука

 

 

Слични содржини