ИФИМЕС: Се очекува силен хакерски напад врз Македонија со цел промена на волјата на граѓаните и спречување на успехот на референдумот

од desk4

Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана, Словенија, редовно ги анализира настаните на Блискиот Исток и Балканот.

 

 ИФИМЕСподготви анализа на настани и анкети на јавното мислење во Македонија пред референдумот за прифаќање на прашањето за името меѓу Македонија и Грција, што ќе се одржи на 30 септември 2018 година. Од сеопфатната анализа и истражувањето на тема  “Референдум во Македонија 2018: Македонија избира помеѓу (само) изолација и евро-атлантска иднина?” ги објавуваме најважните и најинтересните делови.

 …

Освен дел од внатрешните фактори, клучните предизвици на Македонија пред претстојниот референдум на 30 септември 2018 година доаѓаат од надвор. Јавно противење на членството на Македонија во НАТО изразија Србија и Русија. Затоа го зајакнаа безбедносно-разузнавачкото присуство во таа земја со цел нејзина дестабилизација пред претстојниот референдум.

Не случајно претседателот на Србија Александар Вучиќ пред референдумот иницира приказната на границите, размена на територии и наводно решение на албанско-српскиот конфликт. Сè е насочено кон Македонија, да се обиде да се спречи успешен референдум во таа мултиетничка земја, со што ќе се спречи нејзино членство во НАТО. Се очекува силен хакерски напад врз Македонија со цел промена на волјата на граѓаните и спречување на успехот на референдумот. Сепак, зад овие причини, се крие веројатно главната причина, а тоа е фактот дека по успешниот референдум следи долгоочекуваниот признавање на канонската автокефалноста на Македонската православна црква (МПЦ), која заеднички сакаат да ја спречат Србија и Русија.

  Загрижувачки е фактот дека во близина на македонско-српската граница во Ниш се наоѓа српско-рускиот хуманитарен центар, која неофицијално претставува руска воена база во Србија и ја загрозува националната безбедност на Македонија и Косово. Наместо да го повлече својот безбедносен разузнавачки апарат од Македонија, Србија дополнително го зголемува.

Ова се потврдува со фактот дека Србија за свој амбасадор во Македонија го назначи контроверзниот Раде Булатовиќ, кој е поранешен директор на безбедносно-информативна агенција (БИА) на Србија. Претходно, советникот за безбедност во Српската амбасада во Скопје беше Горан Живаљевиќ поранешен заменик-директорот на БИА, кој учествуваше во настаните во Македонија, особено во настаните во македонскиот парламент на 27 април, 2017 година, кога беше извршен нападот на Зоран Заев и неговите соработници со обид за ликвидација. Во тие моменти, Живалевиќ беше на местото на настанот. Режимот во Белград имаше тесни врски со режимот на Груевски-Мијалков и тие односи се одржуваат и до денес.

повеќе тука

 

Слични содржини