Играч му одговори на Мурињо: „Ме плукаа во лице, ми ставaa прсти во очи и ми се закануваа“

од Vladimir Zorba

ЖОЗЕ МУРИЊО беше, напиша Il Corriere dello Sport, лут како никогаш досега, откако неговата Рома беше исфрлена од Интер во четвртфиналето на Купот на Италија. Детали за неговото врескање во соблекувалната се објавени во јавноста, а некои од нив добија одговор од италијанскиот фудбалер кој игра во Серија Ц и кој се чувствува повреден од се што кажа Мурињо таа вечер.

„Не знам зошто кога играме против Интер, во првите десет минути изгледаме како го*на. И сакам да знам зошто се ус*авме против Милан во првите 10 минути. Сите вие, никој не е исклучен од ова. Сакам да знам зошто две години против големи клубови се покажувате како мали. Ако сме мали, судиите ќе не гледаат како мали“, им порачал Мурињо на своите играчи и додал:

„Најголемата мана што може да ја има мажот е недостатокот на карактер, недостатокот на м*диња. Ако се плашите од вакви натпревари, одете играјте во Серија „Ц“, каде што нема силни тимови или големи стадиони, нема притисок. Вие сте мажи без м*диња, најлошиот вид на луѓе“.

l Messaggero изјави дека на многу играчи не им се допаѓа стратегијата на Мурињо и дека се подготвени да го напуштат клубот, а како се примени зборовите на португалскиот стратег во третата фудбалска класа во Италија, открива Романо Пертиконе, фудбалер кој денес игра за Цитадела, а кариерата ја почна во Милано.

„Во Серија „Ц“ ме плукаа во лице, ми ставaa прсти во очи и ми се закануваа во тунелот. Тоа никогаш не ми се случило во Серија „А“. Кога станува збор за Серија „Ц“, можеби е подобро да се зборува за техничките вредности, тие се неспорно различни“, изјави капитенот на Цитадела кој играше во Серија А, Б и Ц.

Слични содржини