Игуаин ќе биде меѓу петте најплатени играчи во Премиер лигата

од Vladimir Zorba

Сигурното ново засилување на Челзи, Гонзало Игуаин ќе заработува на „Стемфорд Бриџ“ по 270 илјади фунти неделна плата и така ќе биде меѓу петте најплатени фудбалери во Премиер лигата, тврди „Дејли Стар“.

Тој ќе игра под наем во лондонскиот тим до крајот на сезоната со опција за перманентен трансфер од редовите на Јувентус. Се очекува денеска или утре стрелецот да ги помине медицинските прегледи во Лондон и да го парафира договорот за заем.

Познато е дека на „Ел Пипита“ не му оди воопшто во Милан и тој генерално разочара за време на престојот под наем во италијанскиот тим досега, но сега ќе има пред себе нов и сосема поинаков предизвик.

Ако сè е во ред до средината на следната недела, неговиот трансфер треба да биде финализиран.

Слични содржини