ИЈЗ: Интензитетот на трансмисија во Црна Гора во моментов е поголем отколку во Бергамо

од Vladimir Zorba

Во моментот, интензитетот на трансмисија во Црна Гора е поголем отколку што беше во Бергамо, Италија на почетокот на пандемијата, само што кај нив беше засегната постара популација, изјави за Радио Црна Гора професорот д-р Драган Лаушевиќ од Институтот за јавно здравје, цитиран од Н1.

„До неодамна ги браневме добро домовите за стари лица, но за жал и таму имаше пенетрација на вирусот. Допрва ќе видиме какви се последиците“, посочи тој.

„Ќе видиме какви се резултатите од Германија, обично од 20 до 30 проценти позитивни. Особено се соочивме во текот на минатата недела процентот на позитиви да достигне до 40 проценти, што укажува на тоа дека интензитетот на пренесување е исклучително висок“.

Сега дисциплината е многу важна и мора да научиме правилно да носиме маски затоа што, како што рече Лаушевиќ, тоа ја спасува главата, а за да се стави епидемијата под контрола, 95% од населението мора да ги следи упатствата на лекарите, пренесува РТЦГ.

Слични содржини