ИЈЗ со неделен извештај: Значително намален бројот на позитвни ковид пациенти, паѓа и бројот на починати

Институтот за јавно здравје, пбјави неделен извештај во кој се наведува дека во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на Ковид-19, со намалување од 21,8 отсто во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 1.727 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 28 отсто во однос на минатата недела, соопшти Министерството за здравство.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=851; 49,3 отсто), со неделна инциденца – 137,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 190,5/100.000 е регистрирана во Кавадарци.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 9 до 19 отсто, или во просек 14 отсто, што претставува намалување од два пшроцентни поени во однос на преходната недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=507, 29,4 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40 до 49 години (n=299; 17,3 отсто), од 50 до 59 (n=298; 17,3 отсто), од 30 до 39 години (n=287; 16,6 отсто), и од 20 до 29 години (n=231; 13,4 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=32; 1,9 отсто) и од 10 до 19 години (n=73; 4,2 отсто).

По добиени два негативни теста за присуство на корона вирусот или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.084 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 12,1 отсто помалку во споредба со претходната недела.

Пријавени се 69 смртни случаи од 23 града, со намалување од 12,7 отсто во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 55 лицa биле над 60 години, 11 лица на возраст од 50 до 59 години, две лица на возраст од 40 до 49 години и едно лице од 30 до 39 години.

Слични содржини