Икарди со непријатно изненадување за шефовите на Интер

од Vladimir Zorba

Топ стрелецот и капитенот на Интер, Мауро Икарди се доближува до Реал Мадрид, објавија медиумите во Италија. Аргентинската ѕвезда на „нероазурите“ изненадувачки ги прекина преговорите за нов договор со клубот.

Според „Corriere dello Sport“, Интер се уште не е загрижен за ненадејниот прекин на дијалогот, бидејќи сегашниот договор важи уште за 3 години.

„Corriere dello Sport“ тврди дека пред да донесе понатамошна одлука, 25-годишниот напаѓач сака да земе предвид неколку фактори. Првиот од овие е местото, каде Интер ќе ја заврши оваа кампања во Серија А. Евентуално повторно неучество во Лигата на шампионите за уште една сезона скоро сигурно ќе го однесе Икарди подалеку од „Џузепе Меаца“.

Икарди има клаузула за ослободување од 110 милиони евра, која важи само за странски тимови и во рок од две недели – од 1 до 15 јули. Челзи, Баерн Минхен, Париз Сен Жермен и Манчестер Сити, исто така, покажуваат интерес за Икарди

Слични содржини