Икарди за неколку дена во Истанбул

од Nikola Popovski

За неколку дена животот на Мауро Икарди целосно ќе биде променет. Тој ќе биде пречекан од илјадници навивачи на Галатасарај каде што ќе биде еден од најскапите и најдобрите играчи кои некогаш играле за тој клуб. За трансферот на Аргентинецот се зборува долго време, а турски „ТРТ“ пишува дека сега се е договорено со ПСЖ.

Договорот помеѓу Икарди и Галатасарај е во тек веќе неколку дена, но Пари Сен Жермен малку го одложи. Наводно во целиот процес се вклучил и Фенербахче и вечниот ривал на Галата се обидел да им го презеде Мауро.

Сепак, сега ТРТ пишува дека зделката меѓу Галатасарај и Пари Сен Жермен е завршена и дека се работи за едногодишна позајмица.

Мауро во следните неколку дена ќе пристигне во Истанбул на потпишување на договорот за позајмица, а претходно ќе има лекарски преглед, а сигурно тогаш фановите на турскиот великан ќе му приредат голем пречек.

Инаку, 29-годишниот фудбалер кога настапуваше за Интер двапати беше најдобар стрелец во Серија А, а во ПСЖ на нешто повеќе од 90 натпревари постигна 38 гола. Не успеа да се избори за позиција во тимот покрај Нејмар, Меси и Мбапе, па минатата сезона постигна само пет гола.

 

Слични содржини