Илјадници постери со ликот на Адолф Хитлер во дресот на фудбалскиот клуб Рома се појавија денеска во Рим, пренесува La Repubblica.
Како главен осомничен се споменува фракција приврзаници на Ромa блиски до екстремната десница.
Властите на Рим соопштија дека фотографиите на кои Хитлер е во дрес на Рома, а кои се појавија во градот, се вистински срам, истакнувајќи дека тоа се случува само неколку дена пред Денот на сеќавањето.