Илјадници постери со Хитлер во дрес на Рома се појавија во Рим

од Vladimir Zorba

Илјадници постери со ликот на Адолф Хитлер во дресот на фудбалскиот клуб Рома се појавија денеска во Рим, пренесува La Repubblica.

Како главен осомничен се споменува фракција приврзаници на Ромa блиски до екстремната десница.

Властите на Рим соопштија дека фотографиите на кои Хитлер е во дрес на Рома, а кои се појавија во градот, се вистински срам, истакнувајќи дека тоа се случува само неколку дена пред Денот на сеќавањето.

Слични содржини