Илиевски: Димитриевски сака да ги затемни стаклата и на општината

од Nikola Popovski

Димитриевски и на Општината ќе ги затемни стаклата, но ние нема да дозволиме!, смета кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски.

Тој посочува дека „шерифот Максим Димитриевски, како во досегашното владење со дивите градби и корупцијата, работата за неговите бизниси, тој денеска докажа дека вози на “диво” и кола со затемнати стакла“.

МВР спроведува сообраќајни контроли, а јас би го прашал, зошто Димитриевски со затемнети стакла?

Дали е таа истата кола каде што твоите соработници купуваа гласови по 500 денари, па затемниле стакла за да бидат по “сигурни” во купопродажните зделки на гласови?

Дали е таа иста кола која ги тера и вози вработените на општината со сила и уцени да гласат за вас?, објави Илиевски на Фејсбук.

Актуелниот градоначалник на Куманово, кој е кандидат и на овие избори Максим Димитриевски се пожали дека го следело возило на МВР, а потоа полицијата го запрела и му ги зела документите. Тој денес на прес-конференација истакна дека полицијата со ротација го одвела градоначалникот на технички преглед, иако, како што тврди тој, возилото е ново и тој има уредно полномошно за управување на возилото.

Слични содржини