Илиевски: Димитриевски водеше деструктивна кампања и правеше театар

од Nikola Popovski

Градоначалникот во заминување водеше деструктивна кампања, односно правеше театар, изговори и манипулации, вели кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Оливер Илиевски во емисијата „360“.

Според него, ова е се со цел во недостаток на аргументи за 4-годишниот мандат, затоа што „му бил тотално фијаско во Куманово“.

-Од сите проекти во 2017 година, ниту еден не е реализиран и затоа бара изговори и сега. Граѓаните препознаа и гласаа против таквите политики, затоа што најголем број од гласачите од вкупиот број на население во општината се против него, потенцира Илиевски.

 

Слични содржини