Илиевски ги собра коалициските партнери: Се обединуваме за доброто на Куманово

од Nikola Popovski

Се обединуваме за доброто на Куманово! ЛДП, ДУИ, НСДП, БЕСА, Партија на Пензионери, ПДПР, ПЦЕР, Турска Народна партија, Партија за движење на Турците, голем е коалицискиот потенцијал на СДСМ!, обелодени денес кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Оливер Илиевски по средба со претставниците на партиите.

Тој потенцира дека нивната заедничка цел е зелен и модерен град, со квалитетен живот за сите наши сограѓани.

-Затоа како СДСМ и коалиција, заедно со граѓаните, на 31ви сме убедливи победници!, стои во објавата на Илиевски.

Слични содржини