Илиевски: Партијата сѐ му даде на Димитриевски, а тој си замина

од Nikola Popovski

Партијата се му даде на господинот Димитриевски, а тој не чекаше партијата да го објави името на кандидатот за градоначалник на Куманово и си замина од СДСМ, вели кандидатот на СДСМ за градоначалник во Куманово, Оливер Илиевски во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.

Според него, „Димитриевски зборува за владеење во Куманово“.

-Со градот не треба да се владее, туку треба да се менџира. Ние извршивме испитување на јавното мислење и ги утврдивме проблемите. Треба да се направи финансиска конструкција. Не ветуваме се во програмата, затоа што финансиски не може да се направи сѐ на почетокот, рече Илиевски и најави дека кога ќе стане градоначалник, градот ќе добие модерно шеталиште, реконструкција и доградба на градскиот стадион и вложување во формирање на фудбалски клуб во градот.

Слични содржини