Илиевски: Убеден сум дека ќе победиме, граѓаните ќе застанат зад најдоброто

од Nikola Popovski

„Целокупната јавност во Куманово е свртена кон најдобрата програма, затоа што граѓаните не сакаат да гласаат за луѓе кои одат од една на друга страна. Сигурен сум дека на 31 октомври, според нашите анализи, дека ќе победиме со над две и пол илјади гласови разлика“ кажа кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ и коалицијата, Оливер Илиевски на дебатата на Дневникот на Сител.

Тој вети дека по изборите, како градоначалник, ќе биде постојано со граѓаните и најави дека ќе одржува минимум по две маалски средби секоја година, каде што ќе презентира што е реализирано, што се планира и точно во кој период ќе се реализира.

„Граѓаните сакаат дела и тоа што е ветено во кампањата пред четири години да биде исполнето. Од главните проекти на Димитриевски пред четири години ниту еден не е реализиран“ кажа Илиевски.

Слични содржини