Илијевски: Гратис патарината за Србите е одлична мерка на Владата, горивото овде е најевтино во регионот

од Nikola Popovski

„Ова е одлична мерка од Владата, која е поздравена од Македонците во Србија, туку и од целиот српски народ како пријателски гест“, вели Горан Илијевски, лидерот на Партијата на Македонците во Србија, за емисијата „Утрински брифинг“, за пропуштањето на српските туристи во земјава од 15-ти јуни до 15-ти август од плаќање патарина.

Според него, единствена забелешка е што Србите сакаат да доаѓаат и во Охрид, па го замолиле од тамошната Влада се најде решение и за тоа.

„Горивото во Македонија е најевтино во регионот и Србите ќе ги наполнат резервоарите и со тоа неколку пати ќе го вратат тој гратис премин преку патарините. Охрид најави 20 % попусот за Србите и мислам дека ќе се изнајде и некое решение за ваучер. Македонскиот народ ги доби вакцините од Србија, а не од Вучиќ. Тој направи популизам дека ги дарувал вакцините“, истакна Илијевски, додавајќи дека вакцинирањето на нашите граѓани во Србија бил уште еден популизам на српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Патот во Белград и назад чини 100 евра, а имаше 5000 автомобили од Македонија по три лица во еден“, потенцира тој.

Слични содржини