Илијевски: Македонија мора да се дистанцира, и да не дозволи прелевање на кризата од Косово

од Берта Китинска

Проблемот со Косово станува контролирана криза со стратегија да се активира по потреба.Со трајно решение,кое впрочем е тешко изводливо, веќе нема да има надворешни влијанија и контрола на регионот од големите центри, смета претседателот на Партијата на Македонците во Србија, Горан Илијевски.

Тој во разговор за „Локално“ потенцира дека „кризата е веќе на големо најавена, делумно како притисок на власта во Србија за воведување на санкции кон Русија“.

-За жал со изјавите на поединци од власта во Србија,кои не би смееле сами да даваат изјави, како “потребата за денацификација на Балканот” од дежурниот адвокат Ѓукановиќ, никако не оди во полза на смирување на тензиите, смета Илијевски.

Тој вели дека Србија има сериозен внатрешен проблем со немање компетентни, кредибилни кадри кои би ја воделе владата и затоа води „неконзистентна и недоследна“ политика.

-Во ООН Србија беше за суверинитет на Украина,против Руската агресија, а не сакаат да воведат санкции. Наместо да посредува на надминување на кризата помеѓу православни држави, со кои била блиска, Србија веќе е длабоко во проблем од кој нема адекватен излез, каква и да донесе одлука и страна да заземе, и тоа е најлоша состојба во која е влезена. Секогаш по потреба ќе се актуелизира проблемот со Косово, очигледно е кој е на чија страна и кој преќутно одобрува и толерира неисполнување на договорот за формирање на Заедница на српски општини.Даден е уште еден месец како ултиматум,по што договор нема да се постигне или пак ќе биде привремен,како и секое решение до сега, подвелкува Илијевски.

Според него неспособноста и немањето дипломатска мудрост во Србија е предизивикана од власта која земјата ја има донесено „до раб на нов конфликт“.

-Србија за жал повеќе не е Југославија и нема моќен Сојуз на несврзани држави со себе,а уште помалце Вучиќ може да биде другиот Тито,а да не говориме за неговите неспособни кадри и проблеми кого да стави во новата Влада, а да направат најмалку афери.За жал Вучиќ нема решение за многу проблеми,поделеноста во неговите редови е очигледна,има струја која е прозападна,а проруска највероватно ќе одлучува ,што ќе се види за десетина дена со составот на новата влада.Може и тука да истактизира и ги задоволи двете страни,затоа бара никој да не му се меша,Србија да го избере својот пат!, смета претседателот на партијата на Македонците во Србија.

Илијевски истакнува дека во овој момент Македонија треба да се дистанцира и да не потпадне под влијание на албанските партии.

-Регионот очекуваше да кулминира кризата во Босна,али полесно беше да се актуелизира Косово.Македонија мора да се дистанцира,да не подпадне на влијание на албанските партии,да не дозволи прелевање на кризата,бидејќи многу лесно,а од искуството од претходниот конфликт,кој настана како продолжение на Косовската криза, можеме да имаме внатрешни тензии,без оглед што Македонија е членка на НАТО, вели тој.

Косовската влада ги одложи новите мерки

Косовската влада ја одложи примената на новите правила за регистарски таблички за локалните Срби, што вчера доведе до тензии и блокади во северниот дел на земјата. Српските медиуми објавија дека ноќта поминала мирно, но граничните премини Јариње и Брњак и натаму се затворени.

Новите мерки требаше да стапат на сила на полноќ, но американскиот амбасадор Џефри Ховение побара од косовските власти да ги одложат за 30 дена, што беше прифатено.

„Се чини дека имало дезинформации и недоразбирање околу одлуката“, изјави Ховение.

Според новите мерки, жителите од областите со српско мнозинство требаше да ги заменат табличките издадени во Србија за косовските.

Покрај барикадите, косовската полиција соопшти дека на неколку локации се слушнале и истрели, но нема информации за повредени. На северот на Косово биле огласени и сирени за тревога.

НАТО ја опиша ситуацијата како тензична откако стотици Срби паркираа автомобили и камиони во близина на двата клучни гранични премина кон Србија, а од КФОР кажаа дека биле подготвени да интервенираат во случај на загрозување на стабилноста.

Б.М.

Слични содржини