Илјадници луѓе формираа човечки синџир против расизмот во Берлин (ФОТО/ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Илјадници луѓе формираа човечки ланец во Берлин денес во знак на борба против расизмот, дискриминацијата и нееднаквоста.

Организаторите на демонстрацијата наречена „Невидливи“ побараа од учесниците да носат маски и да држат социјална дистанца.

Синџирот бил долг девет километри, од портата Бранденбург до областа Нојклен.

Учесниците со обоени панделки се врзаа со „лентата за солидарност“.

Полицијата процени дека учествувале околу 5.000 луѓе, додека организаторите процениле дека во ланецот има над 20.000 луѓе.

Денес, имаше помали демонстрации и во другите германски градови, исто така.

Берлин неодамна ги укина ограничувањата наметнати поради пандемијата од коронавирусот во однос на бројот на луѓе кои можат да присуствуваат на демонстрациите, но сепак мора да се одржува социјално растојание од најмалку 1,5 метри.

Протестите беа поттикнати од протестите во Соединетите држави против расизмот, откако еден бел полицаец го уби Афроамериканецот Џорџ Флојд на 25 мај.

Слични содржини