Илјадници луѓе спиеја на улиците во поддршка на бездомниците

од Maja Serafimova

Илјадници луѓе спиеја на отворено во глобална кампања за собирање помош за бездомниците.

И јавни личности беа меѓу стотиците учесници во светското движење „Големо спиење надвор“ (Big Sleep Out), што се одржа во Лондон, Единбург и Кардиф.

Организаторите објавија дека околу 50.000 луѓе би можеле да учествуваат во акцијата и во други градови, како Њујорк, Бризбејн и Даблин.

Од балканските градови, во акцијата се придружија жителите од Ријека, кои спиеја на полски кревети што им ги даде Црвениот крст, пренесува Бета. Сето ова за да се помогне да се соберат 50 милиони американски долари за бездомниците.

Во Лондон беше околу 10 степени Целзиусови и врнеше силен дожд – камперите го доживееја ова за една вечер, а бездомниците го доживуваат секоја вечер и редовно се соочуваат со промените на времето.

Луис Кејси, поранешна шефица на телото на британската Влада за помош на бездомници и еден од иницијаторите на кампањата „Голем сон надвор“, изјави за Би-Би-Си дека се надева дека настанот ќе има „симболично значење“.

„Во моментов изгледа апсолутно лудо – врне дожд, но го правиме ова зошто целиот свет е потресен од овој проблем – и мигрантите и бегалците се соочуваат со тоа“, вели Кејси.

„Сите овие луѓе вечерва почувствуваа како им е на бездомниците и мигрантите. Само што ние тоа го доживуваме тоа на минута, а тие го доживуваат многу подолго“.

„Чест е да се биде тука за време на една ваква вечер, влажна и студена“.

Актерката Хелен Мирен прочита приказна за добра ноќ, а настапуваше и групата „Тревис“.

Во тоа време во Единбург на публиката и се обрати шкотскиот глумец од постарите генерации Брајан Кокс, а во Њујорк говор држеше Вил Смит.

Светската акцијата „Големо спиење надвор“ ја смисли Џош Литлџон, ко-основач на шкотска добротворна организација која им обезбедува храна на сиромашните.

Тие беа домаќини на голем број ѕвезди како што се Џорџ Клуни и Леонардо Ди Каприо.

Литлџон сака да им испрати порака на светските политичари да донесат закони и регулативи со поголемо сочувство и да најдат решенија за проблемите на бездомниците и бегалците, како на локално така и на глобално ниво.

Националното биро за статистика на Велика Британија проценува дека бројот на бездомници е во пораст во Англија, Велс и Северна Ирска а опаѓа во Шкотска.

Слични содржини