Илјадници луѓе во Брисел протестираат против анти-ковид мерките

од Vladimir Zorba

Илјадници луѓе се собраа во центарот на Брисел на протест против засилените анти-ковид мерки што владата ги воведе со цел да го потисне најновиот скок на бројот на заразени со коронавирус.

Многумина од нив протестираа и против советите да се вакцинираат и против какви било чекори кон воведување задолжителни вакцини против Ковид.

Демонстрантите стоеја зад огромен транспарент на кој пишуваше „Заедно за слобода“.

Имаше димни бомби и петарди, но немаше насилство во раниот дел од маршот, кој треба да заврши пред седиштето на Европската унија.

Во последните неколку дена во многу европски земји се организираат протести бидејќи една по друга влада воведува построги мерки поврзани со Ковид.

Слични содржини