Илон Маск и неговата девојка наскоро ќе станат родители

од Elena Daskalova

Канадската инди-пејачка, Клер Грајмс Бушер, која е во врска со Илон Маск, потврди дека е бремена и објави фотографии на кои тоа е повеќе од очигледно.

Таа и Маск се во врска од мај 2018 година, а веста дека ќе станат родители предизвика лавина коментари и честитки од страна на нивните обожаватели.

Веста Клер ја соопшти објавувајќи разголена фотографија со исцртан фетус кај стомакот. Ова е нејзино прво дете, а на Маск ќе му биде шесто. Тој има пет синови со првата сопруга Џастин.

Полот на бебето кое го очекува со пејачката уште не е познат.

 

Слични содржини