Илон Маск отворено: Твитер ќе прави многу глупави работи во наредните месеци

од Nikola Popovski

„Имајте на ум дека Твитер ќе прави многу глупави работи во наредните месеци. Ќе го задржиме она што функционира и ќе го промениме она што не функционира“. Ова синоќа на оваа социјална мрежа го напиша новиот шеф на Твитер, Илон Маск.

Се верува дека неговиот коментар дошол по тестирањето на новиот систем за верификација на профилите.

Имено, покрај сината ознака за проверка (која отсега ќе се наплаќа 8 долари), некои твитерџии вчера добија уште една, сива ознака за проверка.

Требаше да означува дека се работи за официјален профил – т.е. да го прави истото што порано беше функцијата на сината ознака.

Страниците што вклучуваат „државни сметки, комерцијални компании, деловни партнери, медиумски куќи, издавачи и некои јавни личности“ требало да добијат сива ознака или „официјална ознака“.

Меѓутоа, Маск вчера изутрина се „разбудил“ и во одговор на еден од корисниците само кратко напишал: „Ова го укинав“.

Претходно мултимилијардерот, кој неодамна ја купи „сината птица“, отпушти 50 отсто од своите вработени.

Слични содржини