Илон Маск се прогласи за вонземјанин

од Nikola Popovski

Основачот на компанијата „Спејс Х“, Илон Маск, повторно се прогласи за вонземјанин на социјалните мрежи, одговарајќи на прашањата на неговите следбеници.

Сè започна со објавата на Маск на Твитер дека „Земјата не е рамна и дека таму живее Донки Кинг“, по што еден од корисниците на таа социјална мрежа го прашал дали е вонземјанин.

„Очигледно“, следел одговорот на Маск, кој е познат по повремените необични постови на Твитер.

Сепак, останува нејасно дали Маск погрешно го напишал името на Донки Конг, измислен лик од популарната серија на видео игри, или дали навистина мислел на „кралот на магарињата“, што може да се однесува на пакистански анимиран филм.

Твитот на Маск предизвика бура од смешни коментари и мемиња.

Така, некои корисници на социјалните мрежи прашале дали Маск и Марк Цукерберг се од иста планета, повикувајќи се на популарна шега што кружи на Интернет дека извршниот директор на Фејцбук е вонземјанин или киборг.

Исто така, „Спејс Х“ на Илон Маск веќе четири пати изведуваше пробни летови на ракетата „Старшип“, но ниту еден од нив не беше успешен.

 

 

 

 

Слични содржини