Илузија е дека имаме ниски даноци, смета Славески

од Nikola Popovski

Илузија е дека ние имаме ниски даноци, во даноци ги вклучувам и придонесите затоа што и придонесите се товар на платите, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за финансии, Трајко Славески во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“.

Славески додаде дека доколку состојбата продолжи како што и најверојатно ќе продолжи дека ќе имаме сериозен удар во економијата.

Тој посочи дека инфлацискиот данок се разлева низ економијата, во моментот најголема корист имаат должниците а има и секако и трезорот и министерството за финансии.

„Министерството за финансии има начин од она што се предлага досега во дебатите да се обезбедат тие средства. Да се зајакне финансиската дисциплина, товарот да не паѓа на оние кои редовно плаќаат даноци туку да се прошири даночната основица на тој начин оние што не плаќаат и наоѓаат дупки во законот да плаќаат повеќе даноци, борбата против сивата економија и во краен случај она што и ќе мора да се направи, штедење на расходната страна од буџетот“, посочи Славески.

Слични содржини