Илузија е дека „омикрон“ предизвикува поблаги симптоми

од Vladimir Zorba

Бројот на пациенти заразени со Ковид со тешка клиничка слика најверојатно нема да се намали поради ширењето на сојот „омикрон“, оцени денеска директорот на рускиот санитарен регулатор Александар Горелов.

„Во моментов, се чини дека предизвикува поблага форма на болеста, но тоа е само илузија. Со оглед на размерите на пандемијата, не треба да очекуваме пад на бројот на сериозни случаи“, рече Горелов за руската агенција ТАСС, кој е директор на рускиот Централен истражувачки институт за епидемиологија.

„Омикрон“, додава тој, е многу заразен бидејќи има висок афинитет за човечките рецептори за кои се врзува.

Како резултат на тоа, вирусното оптоварување рапидно расте и вирусот, објаснува тој, многу брзо се размножува.

Горелов додаде дека периодот на инкубација на „омикрон“ е пократок и изнесува три до пет дена.

Слични содржини