Им се заканувал на родителите, полицијата го приведе

од Nikola Popovski

Приведен 43-годишен тетовчанец, кој бил пријавен од неговите родители дека им се заканува.

-На 09.08.2022 во 2З.30 часот од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода Ф.И.(43) од Тетово.

Тој претходно бил пријавен дека околу 23.00 часот агресивно се однесувал и им се заканувал на неговите родители во нивниот дом. Притоа, кај Ф.И. била пронајдена и марихуана.

Тој е задржан во Полициска станица и по расчистување и документирање на случајот ќе следат и соодветни поднесоци, информираат од МВР.

Слични содржини