Има куќа, а државата ѝ плаќала стан, претседателката на норвешкиот парламент си поднесе оставка

од Milan1

Претседателката на норвешкиот парламент Ева Кристин Хансен поднесе вчера оставка на својата должност откако се откри дека Парламентот ѝ плаќа стан во Осло иако таа и нејзиниот сопруг со години имаат куќа во близина на главниот град.

Хансен им изјавила на новинарите дека смета оти било неодржливо Парламентот да има претседателка која е под истрага.

Оваа четириесет и седумгодишна политичарка се најде во центарот на вниманието откако беше обелоденето дека можеби на располагање има парламентарен стан во престолнината, иако има куќа на дваесетина километри од Осло. Меѓутоа, регистрирана е дека живее во Тромсое, заради што има право на користење на стан во главниот град.

Хансен вели дека лошо ги протолкувала правилата што, се чини, им се случило уште на неколку норвешки политичари, оценува агенцијата ДПА.

Така, во септември, министерот за семејство Кјел Инголф Ропстад даде оставка откако се дозна дека е регистриран на адреса со родителите иако живее со семејството во Осло.

Вчера од Обвинистелството информираа дека уште шест пратеници се под истрага заради слични проблеми со престојот.

  • Слични содржини