Има мртви по протестот против корона мерките во Берлин (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Полицијата во Берлин денеска соопшти дека 49-годишен маж починал откако полицијата го уапсила во неделата за време на протестот.

Граѓаните излегоа на улиците за да изразат незадоволство од мерките на германската влада насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот.

Германската полиција соопшти дека мажот се пожалил на трнење во раката и градите додека полицијата ја проверувала неговата лична карта во берлинскиот кварт Мите, каде илјадници демонстранти се собраа и покрај официјалната забрана за демонстрации. Полицијата му пружила прва помош на мажот додека не пристигнала брза помош и го однела во болница, каде подоцна починал, соопшти полицијата. Отворена е рутинска истрага за смртта на мажот.

За време на демонстрациите, во кои избувна насилство, беа приведени околу 600 луѓе, додека демонстрантите се противеа на наредбата за растурање и се обидоа да ги пробијат полициските редови. Портпаролката на полицијата рече дека властите се уште се обидуваат да утврдат колку демонстранти и полицајци се повредени за време на протестите во неделата, кои се одржаа во пошироката област.

Слични содржини