Имам 28 години и ми кажаа да подготвам тестамент: Плаши пораката на оваа медицинска сестра!

од Aleksandar Petrovski

На персоналот за интензивна нега им било советувано да подготват тестаменти пред првата смена на одделение за лекување на пациенти со коронавирус, тврди медицинска сестра.

Амбер Кован вели дека менаџерите им рекле на неа и на колегите да се подготват за најлошото бидејќи смртоносната пандемија се влошува.

Медицинска сестра од Глазгов објави селфи заедно со пораката:

– Имам 28 години и ми беше кажано да подготвам тестамент и да регулирам сè во врска со пензијата. Ја работам првата смена на интензивната нега и немаме доволно персонал.
Лекарите низ Велика Британија се жалат дека се принудени да лекуваат пациенти без соодветна заштитна опрема. Британското медицинско здружение предупреди дека и лекарите и пациентите ќе умрат без соодветна заштита заради недостаток на залихи.

Постојат „ се повеќе докази дека илјадници лекари и болнички персонал сè уште не го добиваат комплетот што им е потребен за правилно да се заштитат себе си и своите пациенти“, и покрај владините уверувања.
Министерот за здравство Мет Ханкок рече дека биле испратени милион парчиња опрема во последните неколку дена и е поставена телефонска линија за да му се овозможи на персоналот да пријави каде има недостиг.

Слични содржини