„Имам 60 години и секси сум“: Џим Кери го слави роденденот во свој стил (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Еден од омилените светски актери и комичари, Џим Кери, го прослави својот 60-ти роденден и покажа дека не ја изгубил смислата за хумор.

Холивудската ѕвезда реши да ги насмее своите следбеници на Твитер со кратко духовито видео.

„Имам 60 години и секси сум“, им порача тој правејќи смешни фаци и имитирајќи луд старец.

А во описот на објавата покажа колку е возбуден што има роденден, а на своите придружници им порача дека ги сака.

Тој доби повеќе од половина милион лајкови, како и бројни честитки, а фановите во коментарите му се заблагодарија што со години ги засмејува.

Слични содржини