Имаме мнозинство од 61 пратеник, тврди Османи

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вечерва информира дека мнозинството е загарантирано и дека имаат 61 пратеник во Собранието.

„Не е коректно јас да зборувам во името на тие што треба да излезат, да почекаме уште малку“, рече Османи, во емисијата „Клик плус“, но не кажа повеќе детали или имиња.

Тој признава дека иако нема аргументи, сепак верува дека зад обидот за уривање на Владата стојат и други надворешни деструктивни сили, но не кажа на кои конкретно мисли.

Слични содржини