Имаме најголема подготвеност во областа на основите права, вели Димитров

од Берта Китинска

Имаме најголема подготвеност со средна оценка од 3,02 во областите и поглавјата од Кластерот 1 – темели/фундаменти, дури и во однос на земјите кои повеќе години преговараат за членство. Србија со средна оценка од 2,68 и Црна Гора со средна оценка од 2,83. Ова го покажува првичната анализа на Извештајот на ЕК за напредокот на земјата, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Споредливоста на напредокот и вкупната подготвеност, посочи Димитров, не е за да се фалиме колку сме направиле, туку токму во насока за да има еден вид реформски натпревар во нашиот регион.

Димитров, посочи дека имаме солидно ниво на подготвеност и во Кластеро 3 – конкурентен и инклузивен раст.

– На исто рамниште со Црна Гора, кои веќе ги имаат отворено поглавјата од овој кластер и со Србија, која пак доби препорака за отворање на поглавјата од овој кластер. Оваа констатација за ниво на подготвеност важи и за Кластерот 4 – зелена агенда и одржлива поврзливост, каде сме исто рангирани со Србија, каде Комисијата даде препорака за отворање на овој кластер, посочи Димитров.

Во Кластерот 5 – ресурси, земјоделство и кохезија, нагласи Димитров, земјата е прворангирана во регионот со средна оценка од 2,8, додека двете земји кои веќе преговараат имаат оценка 2,6.

– Од наша гледна точка формалниот почеток на пристапните преговори ќе биде огромен политички поттик. Поттик, за спроведување на подлабински реформи, со забрзана динамика, не само со усогласување на правото со ЕУ, туку и во суштинска имплементација на усвоената легислатива, изјави Димитров.

-Оценката за вкупната подготвеност на земјата за 2021 година е 3,11 или описно – добро ниво на подготвеност. Од аспект на остварениот напредок, задржано е темпото на напредок или има подобрување во 29 од вкупно 30 области, додека во останатите десет има помал напредок, во однос на напредокот во минатиот извештај. Од аспект на подготвеност во 90 проценти од областите имаме делумна или добра подготвеност за членство, изјави Димиртов.

Слични содржини