Имаше нервен слом и ја избричи главата, а ова било причината за тоа

од Elena Daskalova

Бритни најпрво беше тинејџерска ѕвезда, потоа стана вистинска поп-дива, но таквиот живот си го зеде данокот во 2007 година, кога доживеа нервен слом и ја избричи главата.

Ова се случи непосредно по нејзиното излегување од одвикнување, по што самата си ја избричи главата и тоа пред очите на многу фотографи.

Во филмот „Britney Spears: Breaking Point“ учествуваат многу пријатели и членови на семејството на Бритни, кои имале прилика да ја знаат за време на нејзината криза. Меѓу нив е и тату-уметницата Емили Вајн Хаџес, која зборува токму за денот кога се случи тоа.

„Надвор беше неподнослива бучава, мислев дека има протест, но пота видов блицови. Вратата се отвори и влезе личност со качулка. Видов дека е Бритни и дека нема коса. Рече само дека веќе ѝ е смачено да ја допираат за коса“, изјавила таа.

Во документарецот изјава дала и нејзината фризерка, која тврди дека еден од нејзините телохранители, кој требало да ја заштити од папараците, всушност смислено ја изложувал на медиумите.

Слични содржини