Имав деветдневно крварење на мозокот, а Холивуд ужасно ме третираше

од desk2

Кога некој вели дека “го заборавиле како принцезата Дајана”, тоа звучи како приказна за сурово окружение. Кога тој некој е Шерон Стоун, а окружувањето за кое зборува е Холивуд, тогаш целата приказна, која ја пренесува “Guardian”, изгледа уште посурово.

На почетокот на милениумот, Шерон Стоун била една од најпопуларните актерки на светот, а секако и една од оние на кои машкиот дел од популацијата најмногу им се радувал кога ќе се појават на филмското платно. А тогаш, како што тоа обично се случува – се се променило.

Било 2001-ва година кога Стоун добила тежок мозочен удар, од кој закрепнувала цели седум години.

Во интервју за “Variety”, актерката зборувала за негативните искуства од тој период, истакнувајќи го значењето на квалитетното закрепнување за жена кој доживува мозочен удар..

“Луѓето ме третираа на начин кој беше брутално нељубезен. Од колешки до жена која беше судија во случај за добивање на старателство – сите беа сурови, а јас минував низ деветдневно крварење на мозокот. Луѓето не разбираат колку е тоа опасно, посебно за жени”, рекла Шерон Стоун.

Таа додала дека успеала да застане на нозе кога потпишала договор со “Dior”, но дека често се чувствувала како принцезата Дајана.

“Таа почина, а јас бев на граница меѓу живот и смрт. И двете сме лесно заборавени”, заклучила познатата актерка.

Слични содржини