Имав понуда од Манчестер Јунајтед, призна новиот играч за врска на Баерн

од Vladimir Zorba

Новиот играч за врска на Баерн (Минхен), Рајан Гравенберг призна дека имал понуда и од Манчестер Јунајтед. 22-годишниот фудбалер го напушти Ајакс за близу 25 милиони евра со клаузули, а до крајот на денот се очекува Баварците да го објават трансферот.

„Манчестер Јунајтед е многу голем и убав клуб. Сепак, веќе го одбрав Баерн и ветив дека ќе одам таму“, откри талентираниот играч за врска, цитиран од Де Телеграф.

На чело на „црвените ѓаволи“ сега е Ерик тен Хаг, кој досега беше тренер на Гравенберг во Ајакс.

Слични содржини