Именуван е новиот опасен сој на корона

од Nikola Popovski

Светската здравствена организација денеска го именува новоидентификуваниот сој на коронавирус, кој се шири од Јужна Африка, со грчката буква Омикрон. Нагласуваат дека советничката група препорачала да бид означен како „загрижувачки сој“.

Здравствената агенција на ОН официјално го означи овој сој, претходно познат како линија Б.1.1.529.

Во соопштението на СЗО се вели дека прелиминарните докази сугерираат дека најновиот сој носи „поголем ризик од повторна инфекција од другите варијанти кои предизвикуваат загриженост“, пренесува Гардијан.

„Првата позната потврдена инфекција Б.1.1.529 беше од примерок собран на 9 ноември 2021 година. Овој сој има голем број мутации, од кои некои се загрижувачки“, соопшти СЗО.

Се чини дека бројот на случаи на овој сој се зголемува во речиси сите провинции во Јужна Африка.

 

Слични содржини