Имери: Во Струга главен проблем не се шесте платформи, туку целосното бетонирање на крајбрежјето

од Берта Китинска

Денес главните виновници што Струга стана црна овца, како што сами се изјаснија, дека стружани живеат во хаос и без перспектива, излегоа без срам и се пофалеа со нивниот криминал, обидувајќи се да ги измамат граѓаните Секретарот на општина Струга, пред неколку дена призна дека во заштитниот појас околу езерото има 65 дивоградби, додека корумпираниот градоначалник изјави дека нема ниту една дивоградба, вели  Имер Имери од Алијанса за Албанците во врска со отстранувањето на платформите во Струга.

Тој вели дека  последните недели се поднесени најмалку 3 кривични пријави за дивоградби изградени во последните три години во кејот на езерото, од луѓе блиски на Рамиз Мерко и неговата партија.

-Денешната акција е една медиумска фарса- show во стилот на Артан Груби. Во Струга главен проблем не се 6 -те платформи во езерото, туку целосното бетонирање на крајбрежјето.Ова се потврдува лесно, само со една прошетка покрај кејот. Да одговараат за палење на трската околу кејот предизвикувајќи еколошка катастрофа непоправлива штета на флората и фауната. Денес, Мерко призна дека веќе четири години немал план за развој на туризмот за младите и жителите на Струга, најавувајќи дека на крајот на мандатот ќе бара од владата и УНЕСКО да има дадат план.Денешната фарса за отстранување на платформата е нешто познато за ДУИ,.Тие секогаш неколку месеци пред изборите глумат решавање на проблемите камуфлирајќи и покривајќи ги проблемите, вели  Имери.

Слични содржини